Битиќи: Новата распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15 декември

Bez autora
Nov 28 2023

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, соопшти дека најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15 декември, и тоа во согласност со процената дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти.

Според него, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крајот на годината.

„Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на буџетот, т. е трошењето на буџетот. Таа се прави приближно кон 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки што се таргетираат, туку, едноставно, се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не, се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно“, нагласи тој.

Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира, поддршката на приватниот сектор.

„Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства што ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција кшто ќе ја направиме до 15 декември“, посочи Битиќи.

На почетокот на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа одлука за прераспределба на буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik